По долги натегања помеѓу продуцентите од „Гранд продукција“ и бродкастерот Прва српска ТВ, конечно регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ стартуваше. Почетокот повеќе од успешен за македонските претставници. Задоволството да ги собере сите комплименти за изведбата и настапот и да ја доби наклоноста на жирито ни го овозможи нашиот Стефан Величковски од Скопје, кому жирито на „Гранд“ со сите седум гласови „за“ и воодушевување го награди по изведбата. 31 годишниот Македонец во популарното регионално талент шоу маестрално ја изведе темата „Једина“ од Владо Георгиев, по што не можеше а да не добие од жирито виза за понатаму.
Погледнете и слушнете ја неговата изведба и неговиот „Гранд“ настап.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.