Мегафон
тажна вест

Замина уште една рок легенда: Почина Дасти Хил, басистот на рок великаните „Зи Зи Топ“

Замина уште една рок легенда: Почина Дасти Хил, басистот на рок великаните „Зи Зи Топ“

Дасти Хил, познатиот басист на групата „Зи зи топ“, почина во сон на 72 -годишна возраст. Бендот ја потврди тажната вест, соопштувајќи дека рок легендата почина во неговиот дом во Хјустон, Тексас во петокот.

„Со жалење можеме да објавиме дека Дасти Хил почина во сон во Хјустон“, напишаа членовите на бендот Били Гибонс и Френк Бирд, пренесе Сан.

Неговите „браќа од бендот“ додадоа дека ним, како и на армијата обожавателии, ќе им недостасува неговата смиреност.

„Ние секогаш ќе бидеме поврзани, многу ќе ни недостасуваш, амиго“ – порачаа тие.

Инаку Хил неодамна го повредил колкот, поради што отсуствувал од неколку настани претходните недели, но нејасно е дали повредата има било каква врска со неговата смрт.

Фото: Инстаграм принтскрин/zztop

Видео: Јутјуб/ZZ Top – Gimme All Your Lovin’