Мегафон
тажна вест

Замина уште една рок икона: Почина легендарниот американскиот музичар Дејвид Крозби (ФОТО)

Замина уште една рок икона: Почина  легендарниот американскиот музичар Дејвид Крозби (ФОТО)

Американскиот  рок музичар Дејвид Крозби почина на 81-годишна возраст, потврди неговиот претставник. Тој беше еден од основачите на два од најголемите бендови од 1960-тите: The Birds и Crosby, Stills и Nash.

„Со голема тага објавуваме дека нашиот сакан Дејвид Крозби почина по долго боледување. Иако повеќе не е со нас, неговата хуманост и љубезна душа ќе продолжат да не инспирираат. Многу ќе ни недостига“, изјавила неговата сопруга која побарала да се почитува приватноста на нивното семејство.

Легендарниот Крозби во интервју пред две години изјави дека планира да се занимава со музика додека може.

„Јас сум на крајот од мојот живот…и тоа е многу чудна работа. И еве на што размислувам за тоа: Не е до тоа колку време до кај имате, затоа што навистина не знам. Може да имам две недели, би можел да имам 10 години. Тоа е она што го правите со времето што го имате. И затоа се трудам навистина добро да го потрошам“, изјави тогаш.

Тој беше икона на контракултурата и човек чии албуми беа вклучени во листата на 500 најдобри на сите времиња на листата на „Ролинг Стоун“. Неговата кариера беше толку успешна што двапати беше примен во престижната „Рокенрол куќа на славните“.

Неговата сопруга изјави за Variety дека тој починал „по долго боледување“ опкружен со своето семејство, пренесува Би-би-си.

„Неговото наследство ќе живее преку неговата легендарна музика“, се додава во соопштението.

Роден е во Калифорнија на 14 август 1941 година, Крозби се приклучи на The Birds во 1964 година – фолк-рок група која го постигна својот прв хит со познатата песна на Боб Дилан,  Tambourine Man. Крозби, Стилс и Неш се собраа како супергрупа подоцна таа деценија и го изведоа својот прв концерт како трио на легендарниот фестивал „Вудсток“. Хитовите што Крозби ги напиша како дел од бендот ги вклучуваат хипи химните: „Almost Cut My Hair“ и „Deja Vu“. Неговиот последен албум, „For Free“, беше објавен во 2021 година.

Фото: Getty Images