Радио Милева
тажна вест

Замина уште еден познат музичар: Од корона почина легендата на „Рокери с Мораву“ (ФОТО)

Замина уште еден познат музичар: Од корона почина легендата на „Рокери с Мораву“ (ФОТО)

Бранислав Анѓеловиќ Бане, поранешен член на популарната група „Рокери е Мораву“, починал на 12 јануари 2022 година, на 76 години. Бане е роден во 1946 година, а тој е и еден од основачите на легендарната група. Групата ја напушти по 11 години заедничка работа, а јавноста го знаеше како Бане – Ќора.

Со години не се истакнуваше во јавноста, па малку се знае за неговиот живот по напуштањето на „Рокери…“. Песните кои и денес се големи хитови на оваа група се „Дај рибу“, „Мали Милоица“, „Удао сам ташту у Бајину Башту“, „Турио Љубиша пиво да лади“, „Жеље, честитке и подрави“, „Сењорита порфавор „““ Ајде, мала помози колеги“.

Тажната вест на социјалните мрежи ја потврди неговата најмлада ќерка Дијана.

„Рано утрово го загубивме татко ми Бане, музичка легенда на Балканот“ – објави Дијана на „Фејсбук“.

„Имаше операција на колкот, меѓутоа, се зараз со корона, а компликациите довеле многу брзо до негова смрт. Бане ќе го паметат милиони фанови, од неколку генерации, кои сите уживаа во скечевите на „Рокери од Мораву“ и рок-фолк пародиите по кои беа добро познати. Тато, се надевам дека ќе почиваш во мир и ќе си на подобро место“.

Бане Ќора беше најзабавен меѓу „рокерите од Морава“, кога сите на сцената го задеваа затоа што наводно е срамежлив. Беше одличен имитатор. Кога во Белград почнале да се појавуваат вокално-инструментални ансамбли, тој ќе стане  член на „Пламени пет“, по што замина во Лондон, каде што исто така свирел музика, џез и блуз. Беше многу заслужен за оригиналните аранжмани на „Рокери с Мораву“, група која се појави на југословенската музичка сцена во 1977 година со синглот „Стојадинка овце шиша“. Бане беше шеф и на групата „Златна ера“, која ги придружуваше „Рокерите“ на концертите,  а свиреа и на нивните плочи, а во која извесен период свиреше и денес газдата на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ.

Останати вести од Радио Милева