Живот и Стил

Загрејте ги и телото и душата: Рецепт за кремаста чорба од печурки

Загрејте ги и телото и душата: Рецепт за кремаста чорба од печурки

За време на студените денови на сите ни е потребно јадење кое ќе нè стопли, но и чиј вкус ќе нè воодушеви. Токму таква е крем супата од печурки.

Сè што треба да направите е да го следите рецептот и за помалку од половина час ќе имате вкусна супа.

Состојки:
– 300 гр. печурки;
– 1 главица кромид;
– 2 чешниња лук;
– 100 мл. павлака за готвење;
– 20 мл. масло;
– сол;
– бибер;
– зачини по вкус.

Подготовка:
Исечкајте ги кромидот и лукот ситно. Во загреано тенџере истурете го маслото, па кога ќе се загрее додадете го кромидот.

Печурките исечкајте ги тенко, па додадете ги во тенџерето заедно со кромидот и зачините.

Динстајте додека печурките не омекнат, а водата не испари. Додадете околу половина литар млака вода и павлака за готвење и оставете да зоврие. Со миксер матете додека не добиете мазна смеса. Тенџерето вратете го на оган и варете уште 10-на минути. Чорбата послужете ја со омилената сезонска салата.

На здравје!

извор:точка.ком.мк