Живот и Стил

Заборавете на таблети: Три природни лекови со кои побрзо ќе се изборите со главоболката

Заборавете на таблети: Три природни лекови со кои побрзо ќе се изборите со главоболката

Со доаѓањето на студените есенски и зимски денови, поради промената на времето кај голем број луѓе сè почесто се јавуваат главоболки и мигрени.

Доколку и вие спаѓате во таа група, наместо таблети чија честа употреба не е препорачлива, пронајдете соодветна терапија од природата.

Чаеви како превенција

За навреме да ја спречите појавата на мигрена или главоболка, особено ако таа се јавува како последица на промена на времето, пијте чаеви од лековити билки како рузмарин или ѓумбир.

Прелијте една лажичка сушен рузмарин со 250 мл. зовриена вода. Оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете и испијте.

Чајот од ѓумбир е исто така лесен за подготовка – измешајте една лажица ѓумбир во прав со 250 мл. зовриена вода. Оставете малку да отстои, а кога ќе се излади можете да додадете и сок од половина лимон. Чајот од ѓумбир против мигрена е најдобро да го пиете додека е млак, но не се препорачува консумирање на повеќе од 4 шолји од овој чај дневно.

При главоболки помагаат и чајот од маточина, камилица и магдонос.

Облоги од компири

За мигрена се препорачуваат и облоги од компири кои се подготвуваат многу едноставно. Сè што треба да направите е да исечкате сиров компир на крукчиња и да ги ставите на челото. Прицврстете ги со памучна крпа и оставете ги 10 минути, а во текот на денот повторете ја ваквата постапка барем уште еднаш.

Етерично масло од нане

При напади на мигрена, можете да користите и етерично масло од нане за масажа на слепоочниците или како инхалација.

Доколку не сте во можност да купите чисто етерично масло од нане, можете да направите тинктура. Прелијте 20 грама суви листови нане со 100 мл. 70% медицински алкохол. Оставете ја мешавината да отстои 15 дена, а потоа процедете ја низ памучна газа.

извор: точка.мк