Љубов и Секс

За што најчесто лажат мажите и жените при запознавање на интернет?

За што најчесто лажат мажите и жените при запознавање на интернет?

Мажите се многу полоши од жените кога станува збор за лажно претставување во виртуелниот свет.

Околу 40% од мажите лажат дека заработуваат повеќе отколку што навистина заработуваат, а истото го прават и околу 33% од жените, покажа истражувањето на веб-страницата beautifulpeople.com спроведено на 1.000 испитаници.

Лажењето на интернет е најраспространето на страниците за запознавање и дружење, а најчесто се лаже за висината, тежината и возраста.

Жените најчесто лажат дека се послаби, а мажите дека заработуваат повеќе, а истражувањето покажа дека повеќето луѓе најчесто веруваат во тие лаги.

„Интернет страниците за запознавање се преполни со луѓе кои невистинито се претставуваат за да привлечат повеќе внимание и пораки од другите“, вели Грег Хоџ, сопственик на beautifulpeople.com.

Тој вели дека клиентите често реагираат дека договориле состанок преку страницата и мажите кои очекувале висока убавица сретнале „буцка“, а жените кои чекале бизнисмен, добиле „клошар“. Токму поради тоа првиот состанок најчесто е и последен.

„Кога сите помалку би лажеле на интернет, сајбер светот би бил поверодостојно место за запознавање“, вели Хоџ.

Топ 10 лаги што мажите ги кажуваат на интернет

  • Дека имаат подобра работа
  • Дека се повисоки
  • Дека се послаби/подебели
  • Дека се помускулести
  • Дека добро заработуваат
  • Дека добро се облекуваат
  • Дека работното место им е интересно
  • Дека имаат факултетска диплома
  • Дека познаваат славни или угледни луѓе
  • Дека се отворени и комуникативни
  • Топ 10 лаги што жените ги кажуваат на интернет
  • Дека се послаби
  • Дека се помлади
  • Дека се „затегнати“
  • Дека се повисоки
  • Дека заработуваат повеќе
  • Дека имаат побујни облини
  • Дека работата им е гламурозна
  • Дека имаат многу додворувачи
  • Дека имаат факултетска диплома
  • Дека познаваат славни или угледни луѓе.

извор: кајгана