Радио Милева
природно совршенство

За модерната Софија Лорен велат дека е Европјанка со најубаво тело – погледнете како ужива на плажа

За модерната Софија Лорен велат дека е Европјанка со најубаво тело – погледнете како ужива на плажа

Познатата италијанска актерка и манекенка со романско потекло, папарацо фотографите ја „уловиле“ во текот на вчерашниот ден на една популарна плажа во Портофино, а друштво ѝ правело нејзиното ново момче Андреа Кастањола и ќерката Шарлот.

Мадалина уживала во играњето со ќерка си и правењето замоци од песок, а на морските радости ѝ се придружил и Кастањола со кој актерката не ја потврдила врската, но веќе подолго време се шпекулира дека се пар.

Оваа 34-годишна жена ги привлекувала погледите на присутните во белото бикини кое ги истакнало нејзините гради, но и виткото тело, долгите нозе, а потоа таа се пресоблекла во црно бикини со необичен прорез на стомакот.

Едно е сигурно, што и да облече Мадалина таа изгледа спектакуларно, но било интересно што и овојпат за на плажа била целосно нашминкана, а косата ѝ била врзана во плетенка.

Инаку, оваа дама која ја нарекуваат модерната Софија Лорен, често добива и критики на Инстаграм дека претерува со фотошоп, но сепак овие фотографии се доказ дека изгледа совршено и во реалниот живот.

Да ве потсетиме, Мадалина ја поврзуваа и со Џерард Батлер, Леонардо ДиКаприо и уште низа успешни заводници, а ќеркичката Шарлот ја добила од врската со Романецот Метју Стратан.

Таа неодамна одговорла и на прашањето зошто никогаш досега не се венчала истакнувајќи дека љубовта на нејзиниот живот е ќерка ѝ и нејзината мајка и дека подобо би одела низ животот сама и среќна отколку со погрешен партнер.

Останати вести од Радио Милева