Љубов и Секс

За љубовта да потрае: Еве колку треба да трае вашиот прв состанок

За љубовта да потрае: Еве колку треба да трае вашиот прв состанок

Ниту предолго, ниту прекратко – важно е колку време ќе потрошите на првиот состанок бидејќи зависи од продолжувањето на врската и дали воопшто ќе успее во иднина.
Совршениот прв состанок трае два часа доколку сакаме љубовта да трае, покажа истражувањето.

Дури 39 отсто од анкетираните парови тврдат дека вистинска романса пронашле по првиот состанок кој не траел подолго од 120 минути. Но, врската за повеќето била осудена на пропаст ако спиеле заедно на првиот состанок – или ако само се напиле брзо кафе, покажува истражувањето, пишува The Sun.

Состанок пократок од 20 минути или од пет, шест или седум часа работел на долг рок само за еден процент од испитаните парови. Оние кои траеле од 40 до 60 минути завршиле добро кај 22 отсто од паровите, додека состаноците подолги од три часа биле успешни за 17 отсто од паровите.

Стари и млади

Постарите луѓе најверојатно ќе ја најдат љубовта во двочасовен состанок, поточно 41 отсто од оние над 55 години имале втор состанок.

Сепак, тоа не се случило со 36 отсто од младите на возраст од 18 до 24 години.

„Изгледа дека два часа се совршено време за да се спроведе целата важна хемија и да се натераат и двајцата да сакаат повеќе“, велат истражувачите.

Извор: Попара.мк