Живот и Стил

За лето: Освежувачка салата со домати, манго и авокадо

За лето: Освежувачка салата со домати, манго и авокадо

Оваа освежувачка салата е идеална за топлите летни денови. Лесно е да се направи. Ќе ви одземе само 20 минути, но треба да ја оставите да стои во фрижидер некое време пред да ја послужите.

Во жешките летни денови, најдобриот избор се лесни и ладни салати полни со овошје и зеленчук, како оваа салата од манго, домат и авокадо.

Состојки:

  • мала главица зелена салата
  • 1 средно манго, излупено и исечено на парчиња
  • 1 среден домат, исечен на парчиња
  • 20 гр тенок исечен црвен кромид
  • пар исецкани лисја од коријандер
  • 30 мл маслиново масло
  • 15 мл бел оцет од вино
  • 15 мл сок од лимон
  • 1 чешне лук, мелено
  • малку сол
  • малку мелен црн пипер
  • 1 средно авокадо, излупено и исечено на парчиња

Подготовка:

  • Во средна чинија, комбинирајте манго, домат и црвен кромид.
  • За дресинг, во тегла со капак комбинирајте коријандер, маслиново масло, оцет, сок од лимон, лук, сол и бибер.
  • Покријте и добро протресете.
  • Прелијте го врз мангото, доматите и кромидот.
  • Покријте и ставете да се излади во фрижидер.
  • Исечкајте ја и измијте ја зелената салата.
  • Промешајте зелена салата и исечено авокадо непосредно пред сервирањето.

извор: Попара.мк