Радио Милева
мачка

За Елена Ристеска започна летото: Пејачката побегна од секојдневната рутина, па се испружи на плажа – „Га*е мое најубаво“ (фото)

За Елена Ристеска започна летото: Пејачката побегна од секојдневната рутина, па се испружи на плажа – „Га*е мое најубаво“ (фото)
фото: инстаграм/елена ристеска

Пејачката Елена Ристеска ја стави својата музичка кариера на „пауза“ и се посвети на својот нов бизнис „Era cosmetics“ благодарнеие на кој има полни раце работа.

Меѓутоа, Ристеска сега најде и време за одмор и да ги наполни батериите.

Со доаѓањето на месец јуни, полека започна отварање на летната сезона, а познатите го искористија убавото, како и слободното време за да уживаат покрај плажа.

За разлика од претходната година, кога речиси не можевме да отидеме на одмор или дотолку да се опуштиме, изгледа ова лето повеќе се враќа во нормала. Некои од познатите уште во мај заминаа на плажа, а за некои летната сезона сега започна.

Елена Ристеска реши да побегне од секојдневиeто и секојдневните обврски, па замина на заслужениот одмор.

фото: филип наунов

Имено, таа на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира на плажа во розово бикини, но не откри на која дестинација е.

Ристеска направи селфи, но во фокусот падна и нејзинот з*дник, а следбениците ја опсипаа и со коментари.

 

фото: Инстаграм/елена ристеска

„Газе мое најубаво“, „Поза на годината“, „Мачка“ се само некои од коментарите.

Се надеваме дека пејачката ќе се врати со полна енергија и подготвена за новите активности.

Останати вести од Радио Милева