Промотер

За чиста петка е она што Кали го пее и свири, иако се вика – „4“ (ВИДЕО)

За чиста петка е она што Кали го пее и свири, иако се вика – „4“  (ВИДЕО)

Калина Велковска  која  на последниот „Макфест“ ја изведе  амбиенталната поп-рок балада „4“ и беше прогласена за најдобар дебитант на фестивалот, истата неодамна ја визуелизираше со интересно видео.

Кали, како што сите ја познаваат, покрај својата извонредна вокална изведба и сценскот фестивалски настап, покажа дека може да биде и „неодоливо привлечна“, пожелна и сексапилна, а во исто време бескрајно емотивна, шармантна и сугестивно впечатлива и кога е во прашање нејзината актерска улога.

Имено, видеото кое маестрално го режирал познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Зоран Зонде Стојановски изобилува и со еротски набој, амбиент кој максимално соодветствува со лириката во стиховите на песната, а од друга страна ја визуелизира целокупната емоција која пејачката ја вградила во песната.

Нераздвојна симбиоза на аудиото и видеото во еден единствен аудиовизуелен впечаток за комплетно доживување на „4“-ка, која и звучи и изгледа за „5-ка’!

Инаку темата „4“ е комплетно авторско дело на уште една позната македонска поп ѕвезда, пејачката и харфистка Сара Мејс, која ги потпишува и музиката и стиховите, кои звучат прилично (авто?)биографски, како да се дел од нечија животна љубовна приказна, а музиката повеќе од зрело за една дама која не е исклучиво позната како композитор.

Аранжманот и продукцијата кои исто толку свежо делуваат се на Иван Петровски, а пијаното го свири Петар Лукиќ.

Се на се’, макфестовската „4“ како и самата Кали се вистинско откритие на домашната сцена, барем за пошироката јавност, зашто оние, особено помладите  што „не можат без музика“ и претходно добро ја познаваат и од нејзините перформанси на социјалните мрежи и од настапите по ноќните клубови. Секако, охрабрување и мотив повеќе и за Сара Мејс, покрај свирачко-пејачките квалитети, посмело да се впушти и во своите музичко-авторски способности.

Останати вести од Промотер