Промотер

Young Dadi ја промовираше – „Wifey” (ВИДЕО)

Young Dadi ја промовираше – „Wifey” (ВИДЕО)

Одличната „Bestie” на младиот и талентиран артист во јавноста познат како Young Dadi, доби продолжение – овој пат со наслов „Wifey”. Бидејќи нели тимот што победува не се менува, и оваа тема е работена со истата екипа – музиката и текстот се со потписот на Давид Даниловски ака Young Dadi; продуцирана е од Лазар Цветкоски и Just RT Production; микс/мастерот е на Лазар Цветкоски, а битот на Just RT Production. Видеото, пак, во кое улогите им припаѓаат на Young Dadi и Николина Павловска, е снимено и едитирано од Давид Манев. Креативен директор и воедно задолжена за стајлингot беше Александра Трпеска, додека за косата на Дади се погрижи Бобан Тодоровски. Фотографиите се на Давид Манев.

А приказната накусо би се опишала вака: Фамозната Bestie станува Wifey. Спотот ја следи љубовната приказна на Дади и Никси, инаку прикажана во vintage вајб. Кадрите се снимени на неколку локации, и тоа Мавровското Езеро, забавниот парк кај арената „Борис Трајковски” и во една приватна куќа во скопската населба Тафталиџе.

За оние кои можеби не знаат, иако особено меѓу младата популација тешко дека има такви, Young Dadi е млад артист од Скопје и дел од екипата на Sure Shotz. Препознатлив е по својот уникатен стил, инспириран од различни жанрови и секогаш отворен за експериментирање и правење музика надвор од зоната на комфорот. Неговата кариера започнува во 2019 година, а првиот сингл кој го става на мапата е „Pina Colada”. Иако сѐ уште млад, зад своето име веќе има богата дискографија, повеќе песни и едно EP, „Боенка”, кое излезе во април 2020 година.

Летото 2021 стартува неговата успешна серија синглови кои го прават еден од најактуелните артисти на сцената во моментов. Во својата биографија има запишано настапи на најзначајните домашни фестивали – Таксират и Д-фестивал; а едно од најголемите негови искуства беше настапот пред големата американска ѕвезда Tyga, во Скопје. Настапувал и ширум земјата како дел од караванот на SHAKE фестивалските настани, и полека но сигурно ја освојува целата домашна јавност. Како дел од соработките на Дади кои вреди да се споменат се оние со DNK, Bon Praskiza и Sexy Marsa, а постојано соработува со локални и млади артисти и продуценти од неговото опкружување. Во моментов работи на неколку нови синглови и својот деби албум.

А дотогаш уживајте во одличната „Wifey”.

Останати вести од Промотер