Промотер

Young Dadi доби повик од пијана девојка во – „5 до 2“ (ВИДЕО)

Young Dadi доби повик од пијана девојка во –  „5 до 2“  (ВИДЕО)

„5 до 2“ новата фанки песна на Young Dadi деновиве е пуштена во етерот. Текстот за темата е со потписот на Young Dadi, кој заедно со Лазар Цветкоски има замешано прсти и во создавањето на музиката. Битот, аранжманот, миксот и мастерот, пак, се на Лазар Цветкоски.

Видео приказната, чиј креативен директор и стилист е Александра Majestic, а зад камерата стои  Давид Манев, започнува со тоа што пијана девојка му ѕвони на Дади после журка, а тој незаинтересиран за неа оди на афтер да се забавува.

Во видеото е прикажана целата атмосфера на афтерот во one take, а потоа Дади, заедно со Дупер, се враќа во назад во 80-те, со настап во Кино Фросина – МКЦ. Зачин на целото дејствие додава екипата на Битрикс која го краси спотот со нивната кореографија и добра енергија. За фризурата и шминката се погрижил Бобан Тодоровски.

Интересно е дека неполни 24 часа по пуштањето во етерот веќе е во трендингот, а тоа доволно кажува дека Дади има супер парче кое од прва, што се вели, влегува во уво.

А Вие, проследете како звучи изгледа кога  кога младо момче како Young Dadi ќе добие повик од пијана девојка во – „5 до 2“:

Останати вести од Промотер