Радио Милева
Штотуку венчани

Втор брак за Даниел Кајмакоски: Пејачот ја побара раката на саканата (фото)

Втор брак за Даниел Кајмакоски: Пејачот ја побара раката на саканата (фото)

„Ти си она што секогаш сум го барал“ гласеше описот на една од објавите на Инстаграм кои  македонскиот победник на Икс-Фактор и наш поранешен евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски го напиша неодамна за својата сакана.

Изминатото лето Кајмакоски за првпат покажа дека е во љубовна врска и дека на љубовен план му цветаат ружи со убавата црнокоса што  се уште не открил која е.

Убавите вести Даниел ги објави преку фотографија  на своите „стори“ на Инстаграм каде што пишува „штотуку венчани“.

Откако осамна утрото, осамна и уште една објава од која младите го пијат утринското кафе покажувајќи ги бурмите на рацете со што открија дека по запросувањето набрзо следел и граѓански брак, па ги ставиле и прстените.

За потсетување, откако во 2019 година пејачот се разведе од мисицата и пејачка Кристина Димитриеска, тој се пресели во Србија, а неговиот приватен живот беше непознат за пошироката јавност.

Даниел и Кристина го имаат заедничкото синче Давид за кое се грижи мајката, а како што тргнало со новините во Новата Година, овој пат нема да изненади и ако открие дека станува татко по вторпат.

Нека е со среќа на младите!

фото:Инстаграм/Даниел Кајмакоси

Останати вести од Радио Милева