Мегафон

Време е за светскиот звук во Битола: Фестивал на музика од светот од 18-ти до 20-ти ноември

Време е за светскиот звук во Битола: Фестивал на музика од светот од 18-ти до 20-ти ноември

Под слоганот „Време е за светскиот звук, дома!“ од 18-ти до 20-ти ноември, Центарот за култура – Битола ќе биде домаќин 14. издание на Фестивалот на музика од светот.Во официјалната програма се три концерти. На 18-ти ноември ќе настапи познатата светска фадо пејачка Joana Amendoeira со нејзиниот бенд од Португалија. Во сабота (19.11) на програмата се „Фонтана“ & Камерниот оркестар на Битола со специјалните гости Даница Крстиќ – вокал, Р.Србија, Ангел Демирев – гитара, Р.Бугарија и Џамбо Агушев – труба, С.Македонија. На последната фестивалска вечер ќе настапува Лилит со концертна промоција на „Лилит меѓу луѓето“.

Фестивалот ќе има и Офф програма во Клуб Јагода. На 18.11 од полноќ ќе настапува „Фолтин“, во саботата на програмата се Luton & Šćepine Vragolije.
Фестивалот е поддржан од Министерство за култура, Општина Битола и Кромберт & Шуберт.