Вистаграм

Вратата на Лапонија – селото во кое Дедо Мраз работи вредно во текот на целата година

Вратата на Лапонија – селото во кое Дедо Мраз работи вредно во текот на целата година

Може да го запознаете Дедо Мраз и да го преминете магичниот Арктички поларен круг во било кој ден во текот на годината.

Oва село е сместено на самата поларна граница (на работ на Арктичкиот круг) во близина на градот Рованиеми, главниот град на провинцијата Лапонија.

Изграден е во лапонски етно стил, светлечки лампиони, ѕвончиња, така што таму празничната атмосфера трае во текот на целата година.

Во ова село Дедо Мраз има своја канцеларија, во која прима посебни посетители и ги слуша нивните желби, но во која „одговара“ на бројни писма кои ги добива од децата, а кои пристигнуваат во селската пошта.

Тој секој ден го поминува во својата мисија да го подобри животот на децата и да ги направи среќни, како и да шири љубов на сите краеви од светот.

Тој има и своја помошничка – Баба Мразица, а во селото се наоѓа и црква која може да собере 1.000 луѓе, фабрика за играчки, историски музеј и Божиќна куќа.

Селото годишно го посетуваат над 500.000 туристи, а главно посетителите се од Велика Британија, Германија, Русија и Азија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by U-smile secret (@secret_usmile)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mathea |22| (@zucker_mathea)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Päivi Vaske (@paivivaske)

извор: точка.мк