Радио Милева
може да се заколне

Воја Недељковиќ со години е водител на регионалното музичко шоу, а сега конечно откри дали има „местенки“ во „Ѕвездите на Гранд“

Воја Недељковиќ со години е водител на регионалното музичко шоу, а сега конечно откри дали има „местенки“ во „Ѕвездите на Гранд“

Многу пејачи се прославија во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ кое трае 17 години.

Иако често се зборува и шпекулира дека шоуто е наместено, водителот Воја Недељковиќ проговори на оваа тема.

-Мене ме прашуваат дали е наместено и колку е договорено, а јас им кажувам дека овде само е наместено да се има добра програма и дека луѓето ги туркаат своите кандидати. Нема сценарио, нема текст, нема планирани ситуации и да се договорат што ќе кажат. Може да ставам рака на Библија и да се заколнам дека нема договор околу кавгите“; вели Воја.

Инаку, тој неколку емиси отсуствуваше од музичкото шоу бидејќи беше позитивен на коронавирус.

За потсетување, оваа сезона Јелена Карлеуша замина од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а на нејзино место дојде пејачката Цеца Ражнатовиќ.

фото: александар јовановиќ чиле/принтскрин јутуб гранд магазин/з.к муња/инстаграм/звезде гранда

Останати вести од Радио Милева