Живот и Стил

Водици: Не е доволно само да земете света вода, мора да ги испочитувате и овие работи

Водици: Не е доволно само да земете света вода, мора да ги испочитувате и овие работи

Ни доаѓа големиот празник Водици. Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека во очи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби.

Бројни верници на 19 јануари, Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите.

Но дали знаете што треба да направите со старата света вода?

Според народното верување, доколку целата количина на Богојавленска вода не се потроши во текот на таа година, тогаш остатокот, кога ќе земете нова вода, се сипува во бунари, река или цвеќе.

Во секој случај се истура таму каде нема да биде изложена на газење или обесветување.

Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости.

Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.

Извор: Курир.мк