Радио Милева
Мајчински разговори

Водителките Александра Илиевска и Цеце Трајковска на прошетка со бебињата во градски парк – новопечените мајки блескаат по породувањето (фото)

Водителките Александра Илиевска и Цеце Трајковска на прошетка со бебињата во градски парк – новопечените мајки блескаат по породувањето (фото)
фото: инстаграм/александра илиевска/цецетодосовска

Водителката Алкесандра Илиевска која на публиката и е позната по кулинарското шоу „Брза кујна“, се породи кон крајот на месец јануари и на свет ја донесе ќерката Сара.

Водителката Цеце Трајковска Тодосовска која на публиката е позната по „Утринска на Телма“ се породи на почетокот на март и на свет донесе здраво момче за кое го одбра името Бодан.

Двете новопечени мајки уживаат во нивните нови улоги и максимално се посветени на мајчинството. Иако двете водителки на социјалните мрежи споделуваат фотографии од бебињата, тие не го покажаа лиценцето.

фото: инстаграм/александра илеивска

Овој пат, Цеце и Александра заедно со своите неколку месечни наследници уживаа во топлото и убаво време во градски парк во Скопје.

Имено, Цеце на своето „Инстаграм стори“ сподели фотографија на која заедно со своето синче, Александра и нејзината ќеркичка се полнат со витамин Д испружени на зелената трева во паркот.

Тие не го покажаа лицето на бебињата, но од насмевките може да се забележи дека двете познати дами блескаат и изгледаат среќно и задоволно.

фото: инстаграм

Сигурни сме дека двете тазе мајки имале многу заеднички теми на разговор, споделиле искуство, мислења и по некој совет за нивната нова улога.

Останати вести од Радио Милева