Радио Милева
штркот долета и донесе принцеза...

Водителката се породи, таа и пејачот станаа родители: Ана Николовска и Стефан Величковски добија ќерка (ФОТО)

Водителката се породи, таа и пејачот станаа родители: Ана Николовска и Стефан Величковски добија ќерка (ФОТО)

Откако неодамна и официјално впловија во брачните води и потпишаа заклетва на вечна верност, пејачот Стефан Величковски и ТВ водителката Ана Николовска сега за прв пат се остварија и како родители.

Имено, македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ на својот фејсбук профил ја сподели радосната вест со јавноста дека „штркот долетал“ и во нивното семејно гнездо, кое сефа е е збогатено со принова. неговаат сопруга Ана, на свет донесе девојче, а гордиот татко не ги криеше среќата и воодушевувањето, признавајќи дека нивниот брачен сон станал реалност.

„Ми се роди ќерка!!! од денес сум најсреќниот татко на светот. нашиот сон стана реалност Ана Николовска Величковска. Ве сакам премногу принцези мои“ – напиша музичарот во пораката со која го обзнани татковството, иако барем засега ниту тој ниту мајката јавно не го открија името кое ќе го носи малечката убавица.

Уште за време на свадбената веселба во почетокот на март 2022 год. која ја правеа  во еден скопски локал, само најблиските во семејствата и оние кои беа присутни на свадбената веселба знаеа дека невестата е бремена, преку неколку фоторафии и јавноста можеше да види колку и нараснало трудничкото стомаче на невестата и идна мајка.

ТВ водителката својата бременост очигледно вешто ја криеше, иако понекогаш со своите другарки знаеше да се појави на некој од викенд настапите на нејзиниот сопруг.

Како и да е, нека им е со среќа приновата на среќните и горди родители.

Фото: Инстаграм принтскрин/Stefan Velickovski

Останати вести од Радио Милева