Радио Милева
понуда што не се одбива...

Водителката на „Брза кујна“ доби понуда што не се пропушта, па стана невеста: На Сања Савевска венчаницата прекрасно и стои, арно ама… само на реклама? (ФОТО)

Водителката на „Брза кујна“ доби понуда што не се пропушта, па стана невеста: На Сања Савевска венчаницата прекрасно и стои, арно ама… само на реклама? (ФОТО)

Водителката на најзабавното кулинарско ТВ шоу, Сања Савевска која се покажа како можеби најдобриот избор до сега за оваа позиција во проектот „Брза кујна“, можеби нема полни раце работа, ама затоа има полна уста зборови во секое издание!
Вредно и посветено, со многу забава, Сања ги води и учесниците и ТВ гледачите низ шоуто, кореспондира со нив и им помага и ним и на шефовите, секако колку може, знае и умее… Со текот на времето и санта учи, па многумина кои ја познаваат велат дека Сања веќе оддамна е „печена“да стане „домаќинка со тапија“. Односно да застане пред олтар, со оглед на фактот што е во сериозна врска, но се’ уште не запловила во брачните води!

Така беше се до Божиќните празници во Новата 2023-та, кога водителката сите ги изненади со најновата објава на социјалните мрежи, на кои Сања Савевска се појави сликана во венчаница.

Имено на нејзиниот Фејсбук и Инстаграм профил осамнаа фотографии на кои насмеаната убавица е фотографирана во невестинска венчаница! Фото-пози кои ги изненадија, но и израдуваа нејзините блиски пријатели и многубројните обожаватели, особено оние од ТВ екраните кои веднаш помислија дека Сања конечно ја доби честа да ста не невеста.

До душа на фотографиите водителката навистина изгледа прееубаво во невестинскиот фустан, во венчаницата која на Сања Савевска прекрасно и стои, арно ама… само на реклама?! За жал на оние, кои прерано се израдуваа!

Имено, водителката на „Брза кујна“ добила понуда што не се пропушта, па стана невеста за потребите на снимањето промотивна фотосесија со познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ.

 

„Паричката не ми се падна и оваа година, но сепак добив одлична понуда која не се пропушта! Кажав ДА за промотивна фотосесија за
General Luxury Wedding Studio. Единствената продукција која ќе ги овековечи Вашите најсреќни моменти со високо квалитетна филмска техника, водена од острото и професионално око на единствениот Дарио Јанковиќ и неговиот супер фантастичен тим! Отсега па натаму не размислувајте кој ќе ги направи вашите свадбени фотографии. Резервирајте си навреме термин за ваква филмска фотосесија “ – напишала Сања покрај споделената серија невестински фотографии на социјалните мрежи.

Дали сето ова сепак не е баш случајно, па водителката сакаше нешто што следува годинава да најави меѓу редови со последните објави? И дали со ваквата своевидна „генерална проба“ таа за себе веќе си резервирала термин за ваква филмска фотосесија, зашто денот на нејзината венчавка е во наближувачка прогресија, останува годинва да видиме.

Како и да е две работи се сигирни: Кога ќе дојде денот Сања Савевска ќе биде преубава невеста, а ваквата реклама може да биде одлична најава за вистинска свадба… А и време е, зарем не?!

Конечно кога си посакуваше желба за Нова Година и самата рече дека… „Дедо Мраз си знае“!

Дали тоа значи дека водителкета покрај рекламната, ќе добие и „вистинска (брачна) понуда која не се пропушта“, останува да видиме годинава! Белким има некој… кој си знае?!

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/sanja_saveska

 

Останати вести од Радио Милева