Радио Милева
идеална тежина

Водеше битка со килограмите по бременоста: Луна Ѓогани откри како ослабела (фото)

Водеше битка со килограмите по бременоста: Луна Ѓогани откри како ослабела (фото)

Луна признава дека и било тешко да ги изгуби вишокот килограми, но резултатите биле видливи веднаш штом се откажала од одредена храна.

Победничката на Задруга 2, Луна Ѓогани призна дека по бременоста едвај успеала да се ослободи од вишокот килограми. Додека беше трудна, па дури и откако ја доби ќерката Миа со Марко Миљковиќ, Луна си даде пауза и јадеше речиси сè, но подоцна се бореше да си ја врати својата линија.

“Кога се породив, не сакав да се откажам од храната, бидејќи ми требаше многу енергија поради ќерка ми Миа. Но, кога таа малку порасна, цврсто решив да ја вратам старата тежина. Мислев дека лесно би го направила тоа, но ништо не беше онака како што планирав. Со месеци се обидував да ослабам, се гледав и со нутриционист, но ништо не ми помогна да се вратам во форма“, рекла Луна, која подоцна решила да се откаже од нездравата храна. а резултатите веднаш беа видливи.

“Престанав да јадам леб, целосно ги исклучив газираните пијалоци и ги намалив слатките на минимум. Дури тогаш почнав да слабеам. Не сум поддржувач на ригорозни диети и гладување, бидејќи тоа не е здраво. Треба да ја промените вашата свест од начинот на кој се храните. Со диетите се  добива краткорочен ефект, а кога ќе престанете да ги следите, килограмите брзо се враќаат. Затоа е подобро да се откажете од нездравата храна и да јадете се останато. Се разбира, умерено, бидејќи прејадувањето не е здраво. Сега имам 65 килограми и сум среќна. Тоа е мојата идеална тежина, која ја имав пред бременоста. Не сакам повеќе да слабеам“, изјави Луна, која не оди во теретана, бидејќи тренингот со нејзината ќерка е најдобар за неа.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Луна Ѓогани

Останати вести од Радио Милева