Радио Милева
Нова шанса

Во седмата деценија од животот изгледа сосема поинаку: Ејдан се враќа во животот на Кери Бредшо, дали би го препознале? (фото)

Во седмата деценија од животот изгледа сосема поинаку: Ејдан се враќа во животот на Кери Бредшо, дали би го препознале? (фото)

Продолжението на култната серија „Сексот и градот“ разочара многумина, но се чини дека сепак има повеќе кои сакаат уште.

Затоа, „And Just Like That“ ќе добие втор дел.

Снимањето трае, а само што осамнаа првите фотографии од сетот. Центарот на приказната е, се разбира, Њујорк. Саманта не се враќа ниту овој пат, но затоа тука се Кери, Шарлот, Миранда и некои други ликови кои ги запознавме во последните епизоди.

Сара Џесика Паркер, една од главните ликови и извршен продуцент на серијата, откри дека допрва ќе видиме некој што го познаваме од порано.

Бидејќи Кери остана без Ѕверката, Ејдан ќе се врати во нејзиниот живот. Ја следевме нивната приказна во втората сезона и се сеќаваме дека заврши неславно, но сега љубовта може да понуди нова шанса.

фото:Profimedia/Getty Images

Останати вести од Радио Милева