Живот и Стил

Во нив нозете изгледаат подолго и повитко: Ова е единствениот модел на чизми кој ви е потребен оваа зима

Во нив нозете изгледаат подолго и повитко: Ова е единствениот модел на чизми кој ви е потребен оваа зима

Лесно се вклопуваат во сите стилови, можат да се носат во безброј прилики, а во нив нозете изгледаат повитко. Со еден збор – совршени!

И оваа година чизмите над колена се апсолутен хит. Оваа зима на врвот на модната листа се чизмите изработени од кожа, а модните експерти едногласно се сложија дека црната боја е без конкуренција.

Чизмите над колена најдобро се комбинираат со плетени фустани, но ефектно изгледаат и во комбинација со фармерки или хеланки. Уште еден плус е тоа што визуелно ги издолжуваат нозете, особено доколку се одлучите за модел со високи потпетици.

Овој модел на чизми е дефинитивно парче во кое вреди да инвестирате, а модните експерти велат дека нивната популарност нема да опадне ниту во текот на наредната година.

Еве како да ги носите оваа сезона:

Извор: точка.мк