Радио Милева
најголема поддршка

Во брак се 42 години, а ретко се појавува во јавност: Вака изгледа сопругата на Ален Исламовиќ (фото)

Во брак се 42 години, а ретко се појавува во јавност: Вака изгледа сопругата на Ален Исламовиќ (фото)

Пејачот на „Бјело дугме“, Ален Исламовиќ во екот на неговата популарност важеше за голем заводник и миленик на жените.

Меѓутоа, неговото срце го освои само една жена – Мaријана.

Имено, Ален 42 години е во брак со неа и имаат две деца Уна ( 34 )  и Лара (27).

-Маријана ја запознав кога таа имаше 16 години, а јас 22. Не бев никој, само локален пејач во групата „БАГ“. Сите овие години ние двајца заедно пловевме заедно низ сите бури и се трудевме да го сочуваме својот мир. Ми беше најголема поддршка низ се што поминав и во одлуките ги донесував, а тие некогаш беа болни и неизвесни. Бракот е компромис и треба да знаете да го сочувате, вели Исламовиќ.

Ален со музиката се занимава од  средно училиште.  Професионалната кариера ја започна во „Дивље јагоде“, а врвот на својата популарност ја достигна како член на  „Бијело дугме“.

фото: Зорана јевтиќ/Немања Панчиќ/инстаграм

 

 

Останати вести од Радио Милева