Промотер

Влатко Лозановски отворено призна која му недостасува, кого бара – „После полноќ“ (ВИДЕО)

Влатко Лозановски отворено призна која му недостасува, кого бара – „После полноќ“ (ВИДЕО)

Конечно, по подолго време една од нашите најголеми  македонски музички ѕвезди, поп пејачот Влатко Лозаноски – Лозано ја објави својата најнова песна.

„После полноќ“ е името на новата нумера која дефинитивно ќе биде пријатно изненадување за публиката и особено за неговата бројна армија  најверни обожаватели. Иако можеби повеќето очекуваа дека Лозано повторно ќе објави нумера слична на претходните, тој и неговиот тим, продуцентот Лазар Цветкоски и  неговата сестра, текстописецот и вокал Магдалена Ена Цветкоска создадоа едно поинакво (ремек) дело со светски звук.

„Презадоволен сум тоа како звучи песната, а се разбира и од тоа како изгледа видеоспотот. Сега останува само публиката да си го каже своето,  а јас сум сигурен дека ќе им се допадне“ – изјави накусо Лозано.

Како режисер на видеоспотот се потпишува познатиот Даниел Јовески со кого Влатко соработува веќе неколку години, додека пак за стајлингот и овојпат беше задолжен Андреј Ѓоргиевски – Папаз.

Инаку ова е само најава за она што допрва ќе следи од Лозано и неговиот тим.

Тие веќе имаат подготвено неколку нови песни, а деновиве се работи и на сценариото за новиот видеоспот кој треба да почне да се снима многу скоро, што значи уште една нова песна во блиска иднина…

Во меѓувреме, погледнете, слушнете и споделете ја  во секое време „После полноќ“ доколку ви се допаѓа… А веруваме дека ќе ве освои на прво слушање и гледање: