Мегафон

Владимир Четкар со концерт во „Станца 26“ во Скопје, па на есенска турнеја низ САД

Владимир Четкар со концерт во „Станца 26“ во Скопје, па на есенска турнеја низ САД

На 28 Октомври, петок, Владимир Четкар после подолго време ќе се претстави пред скопската публика со свој концерт во Станица 26. Концертот ќе започне во 21:00 часот и ќе трае до 23:00 часот. Билетите  можат да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.


После овој концерт Четкар заминува за Америка каде ќе ја одржи својата есенска турнеја низ некој од најпрестижните амерички џез клубови и културни институции како Нортон Музејот За Уметност во Вест Палм Бич, BOP STOP во Кливленд, Black Cat Jazz Club во Сан Франциско и така натаму.


Турнеата на Четкар во Америка ќе започне со концерт во Чикаго на 6. ноември во Skadarliya, потоа продолжува во Детроит во џез клубот Aretha’s Jazz Café at the Music Hall, на 12 Ноември ќе настапи во BOP STOP at The Music Settlement во Кливленд, на 19 Ноември ќе одржи концерт во Њујоршкиот музички клуб Chelsea Table + Stage, на 30 Ноември ќе дебитира во Сан Франциско во Black Cat Jazz Club а на 9 Декември по втор пат оваа година Четкар ќе оддржи концерт во Нортон Музејот на Уметност во Вест Палм Бич во Флорида.


На сите настапи во Америка Четкар ќе се претстави со своја авторска музика и свои аранжмани за септет во придружба на американски музичари.