Живот и Стил

Вкусна торта од јаболка и ореви која е многу едноставна за подготовка

Вкусна торта од јаболка и ореви која е многу едноставна за подготовка

Ако сакате да подготвите вистинска домашна торта, ова е рецептот за вас!

Потребни состојки:

– 2 јаболка, излупени и исечкани на коцки
– сок од половина лимон
– 200 гр. шеќер
– 150 гр. грубо исечкани ореви
– 200 гр. брашно
– 1 лажичка прашок за печиво
– 3 јајца
– малку сол

Начин на подготовка:

Јаболката исчистете ги и исечкајте ги. Ставете ги во огноотпорен сад и врз нив исцедете половина лимон. Додајте шеќер и измешајте. Поклопете и оставете го садот во фрижидер на половина час.

Во друга чинија измешајте ги оревите, брашното и прашокот за печиво. Во јаболката кои отстоиле додајте 3 жолчки, па измешајте, а потоа додајте ја и смесата од брашно и ореви и повторно измешајте.

Во посебен сад изматете белки со малку сол. Добиениот шлаг префрлете го во смесата и измешајте. Печете околу половина час на 200 Целзиусови степени.

Кога ќе се испече, посипете со малку шеќер.

извор: toчка.мк