Живот и Стил

Вкусен, сочен и едноставен за спремање: Спремете авокадо тост кој ќе ве држи сити долго време

Вкусен, сочен и едноставен за спремање: Спремете авокадо тост кој ќе ве држи сити долго време

На најлесен начин подгответе појадок во кој ќе уживате секое утро.

Состојки:

  • 1 авокадо
  • 2 парчиња тост леб
  • малку маргарин
  • 2 јајца
  • Кисела павлака
  • сол
  • бибер
  • лук во прав

Подготовка:

Најпрво треба да го потпечете лебот во тостер, но да не биде ниту премногу мек, ниту премногу тврд.

После тоа, испржете ги јајцата на маслиново масло за да може да се излеат жолчките.

После тоа, кришките премачкајте ги со 1 лажичка павлака, а потоа кога ќе го отворите авокадото исечете го на парчиња и ставете го авокадото на кришките леб.

После тоа, врз лебот ставете пржени јајца на кои ќе посипете зачини.

извор: Курир.мк