Живот и Стил

Вкусен ручек: Пилешко со кашкавал и зеленчук

Вкусен ручек: Пилешко со кашкавал и зеленчук

Подгответе и уживајте во вкусно пилешко со кашкавал и зеленчук.

Состојки:

– 1 кг. пилешко (или цело пиле)
– 1 комплет за супа
– 2 чешниња лук
– 400 гр. шампињони
– 2 дл. бело вино
– 1/2 кромид
– 2 кромиди за печурките
– 1 чаша-200 мл кисела павлака
– 100-150 гр. кашкавал
– сол, бибер, ловоров лист

Подготовка:

Пилешкото варете го со комплетот од зеленчук за супа. Додадете половина кромид и лукот исецкан на кришки. Сварете како супа.

Исецкајте ги шампињоните. Двата кромиди ситно исецкани динстајте ги на масло. Потоа додадете ги печурките и тоа сето запржете го додека да испари течноста од печурките.

Пилешкото од супата исчистете го од коски и исетнете го на жилиен парчиња.

Во пржените шампињони додадете ги павлаката и пилешкото месо и сето тоа измешајте го. Зачинете со сол и бибер, додадете вино по вкус и ловоров лист.

Изрендајте кашкавал и пече се заедно во рерна на 180 степени, да испари виното, а кашкавалот да се стопи. Доволни се околу 25-30 минути.

Добар апетит.

извор: курир.мк