Живот и Стил

Вкусен ролат со јаболки и бадеми

Вкусен ролат со јаболки и бадеми

Есенски ролат со јаболко и бадеми кои совршено оди со чај.

Состојки:

  • 400 гр. јаболко
  • 250 мл. белки од 8 јајца
  • 200 гр. шеќер
  • 50 гр. мелени бадеми
  • 2 кафени лажички оцет
  • 2 кафени лажички пченкарно брашно
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • цимет во прав и шеќер по желба за посипување на јаболката

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 200 степени. Јаболката изрендајте ги на крупната страна и исцедете го вишокот сок. Ренданите јаболки распоредете ги рамномерно во тавата за печење, додадете мелен цимет и шеќер по желба. Стиснете ги во тавата за печење.

Во чист чад изматете ги белките за да добиете цврст снег, постепено додавајте 200 грама шеќер. Внимателно додадете го оцетот, пченкарното брашно, ванилата и мелените бадеми,

Добиената смеса ставете ја над јаболката во тавата нанесете рамномерно и одозгора ставете цели бадеми. Печете во загреаната рерна на 200 степени додека не порумени отприлика 10 до 12 минути

По печењето врз жешкиот ролат ставете хартија за печење и поставете го на решетка. Ролатот брзо, но внимателно свртете го на другата страна.

Додека јаболките се се уште топли со помош на харатијата внимателно завиткајте го колачот како ролат и оставете да се олади. Тргнете ја хартијата и декорирајте со шеќер во прав.

Добар апетит

извор: Курир.мк