Радио Милева
ШОК

Вистина.мк никогаш далеку од вистината: Откривме кое е нејзиното ново момче, ја начнавме и темата со бременоста, а сега Антониа Гиговска откри дека се свршила баш со него, а згора на тоа чекаат и бебе! (фото)

Вистина.мк никогаш далеку од вистината: Откривме кое е нејзиното ново момче, ја начнавме и темата со бременоста, а сега Антониа Гиговска откри дека се свршила баш со него, а згора на тоа чекаат и бебе! (фото)

Пејачката Антониа Гиговска пред само неколку месеци ја раскина љубовната врска со пејачот Иван Јованов, а набрзо потоа се појавија и шпекулациите дека причината за крај на врската било неверство.

Вистина.ком.мк тогаш пишуваше дека музичарот Роберт Спаценовски, клавијатуристот од групата на Антониа и пријател на Иван е новото момче на Гиговска, но се досега се’ остана без потврда од нивна страна.

Во најновите написи за Гиговска, пишувавме и дека бременост влегува во комбинација, што излезе дека воопшто не е далеку од вистината.

Денес Антониа го слави својот 22-ри роденден, замина на Копаоник, а оттаму откри шокантно позитивни вести за своите следбеници.

Имено, таа добила свршенички прстен токму од тазе партнерот Роберт со кого ни повеќе ни помалку –чекаат бебе.

Дека не станува збор за приказни околу некој спот за да се привлече вниманието на јавноста, потврдуваат и фотографиите од ултразвук, нараснатото стомаче на пејачката, свршеничкиот прстен и секако гордиот татко кој се пофали како во уста го држи позитивниот тест за бременост на својата партнерка.

Најпосле дојде и потврдата во пишана форма во која среќната трудница вели:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

-Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое, од сега секој мој роденден ќе го славиме заедно! Среќен да ми е роденденот, а погодете кој ќе стане мајка?
ПС Прстенот го бирал сам. Умирам од среќа! Си славам, роденденче, бебче, прстен, се – откри Гиговска.

Ако во светот е актуелна Шакира за разделбата со Пике, во Србија бременоста на Анѓелка Прпиќ со кумот, ние ги имаме Антониа и Роберт чија приказна допрва ќе ги полни домашните медиуми.

Епа нека е со среќа се’ во пакет!

Останати вести од Радио Милева