Мегафон
честитка

Вистина ви посакува Среќна Нова 2022 година

Вистина ви посакува Среќна Нова 2022 година

Во овие не баш розови времиња, не знаеме дали и колку ни појде од рака барем малку да ве расположиме, насмееме, изненадиме, понекогаш шокираме, фасцинираме, колку што беше можно да ве забавуваме, релаксираме и опуштиме…  Нам  не ни се цел, ниту ни се приоритет политиката, црните хроники, непријатните случки, катастрофите, проблемите, немилите настани… Иако сакале или не, и во оваа тешка година што изминува, не можевме да ги избегнеме.

Создадени сме да ја третираме онаа, поубавата страна на животот, иако професионалноста и новинарската љубопитност, етиката и одговорност кон читателот, понекогаш не ни даваше за право да го премолчиме и она – што не е баш за гордост, радост, пофалба, не е сјајно, бласкаво, розово… А тоа во 2021-та го имаше и премногу.

Сепак, како и од првиот ден и годинава  се обидовме и во убавото и во помалку убавото да бидеме свои, уникатни, оригинални, едни и единствени… Издржано четиво за читателите,  новинарска „лектира“ за „препишувачите“ од „копи – пејст конкуренцијата“, ако таквите, тоа воопшто и можат да ни бидат. Затоа и само една има Вистина… Вистина.ком.мк… Се’ друго е… знаете веќе што!

Да сте ни живи и здрави, радосни и весели, да имате многу посреќна година, многу поубава од оваа 2021-та, која заеднички ја испраќаме! Останете ни верни, зашто Вистина.ком.мк никогаш нема да ве изневери!

Редакцијата на „Вистина.ком.мк“ Ви посакува Среќна Нова 2022 година, среќни Божиќни празници и… Чувајте се!