Вистаграм

Жените ги претвораат веѓите во мини новогодишни елки оваа зима

Жените ги претвораат веѓите во мини новогодишни елки оваа зима

Како секоја година, така и оваа има нов тренд за убавина што ќе го подобри празничното расположение. Новогодишната елка на веѓите можете многу лесно да ја креирате сами, а за тоа ќе ви требаат сјајни украсни налепници и ѕвезди.

Раширете ги веѓите за да изгледаат како гранки на новогодишна елка. Украсете ги со светкави налепници фокусирајќи се на врвот на секоја гранка. Потоа завршете со ѕвезди на двете веѓи за да го комплетирате изгледот.

Можете да го подобрите празничното расположение уште повеќе со тоа што ќе ги обоите веѓите во зелена боја со помош на сенка за очи или молив во боја. Со цел да ги потенцирате вашите празнични веѓи, не треба да нанесувате силни бои на очите.

Погледнете ги фотографиите во продолжение за повеќе интересни идеи.