Вистаграм

Запознајте го најзгодниот ветеринар на светот: Сите сакаат да одат кај него!

Запознајте го најзгодниот ветеринар на светот: Сите сакаат да одат кај него!

Запознајте го Еван Ентин, ветеринар со потекло од Канзас кој отсекогаш ги сакал животните, особено егзотичните животни, како и рептилите и бубачките. Нема сомнеж дека има големо срце штом им посветува толку грижа и внимание на припадниците на животинскиот свет. Со право го носи епитетот најзгоден ветеринар на светот којшто магазинот Пипл му го доделува неколку години по ред. Погледнете го и ќе видите дека го оправдува ова признание.

Студирал на Универзитетот во Колорадо и патувал низ светот учејќи за специфичните екосистеми и фауната. Работи во ветеринарна клиника во Калифорнија и ги негува сите видови животни, од питоми и потенцијално опасни до традиционални домашни миленици. Кога не работи во ветеринарната станица патува низ светот извршувајќи ветеринарни работи и ја истражува дивината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Evan Antin 🐊🐣🐒🐱🐺🐢🐖🐍🐅🐿🐇 (@dr.evanantin) on

Неодамна почнал сопствена емисија „Еван подивува“ (Evan goes wild) којашто се емитува на Анимал Планет. Иако е сосредоточен на егзотичните животни, Еван сака мачки и кучиња и соработува со Удобна Зона за да им помогне на семејствата да имаат среќни мачки, здрави и без стрес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Evan Antin 🐊🐣🐒🐱🐺🐢🐖🐍🐅🐿🐇 (@dr.evanantin) on

На неговиот Инстаграм профил можат да се пронајдат симпатични фотографии од мајмуни, малечки пајаци и диви мачки, како и видеа во кои ветеринарот храни африкански слонови и игра со необични животни на Шри Ланка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Evan Antin 🐊🐣🐒🐱🐺🐢🐖🐍🐅🐿🐇 (@dr.evanantin) on


Неговиот профил се разликува од останатите бидејќи таму не само што ќе пронајдете фотографии од слатки животни туку и совети за нивна нега.

Еван е во долгогодишна и среќна вска и наскоро ќе застане пред олтар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nathalie Basha (@thetravelmuse) on

Сите негови соништа се остварени – го работи тоа што го сака, има партнерка што му дава поддршка во работата и води своја емисија.

извор:кафе пауза.мк