Вистаграм

Совршена модна комбинација која ќе ја носиме насекаде оваа пролет

Совршена модна комбинација која ќе ја носиме насекаде оваа пролет

Пролетните модни фаворити кои полека ги враќаме на полиците на своите ормари, како и тренди новитетите кои ќе ги додадеме во својата гардероба оваа година нѝ носат освежување кое со нетрпение го очекувавме.

Сепак, откако навикнавме на нивната неодолива удобност и едноставност, сепак не сме сè уште спремни да се опростиме од омилените тренирки, дуксери и маици.

Во гардероберите на популарните модни трендсетерки неодамна откривме неочекувано добар спој на тренирки и блејзер кој го трансформира омилениот лежерен комплет во совршен секојдневен изглед. За пролетните денови пред нас, модните трендсетерки пронајдоа уште една наизглед неспоива комбинација на парчиња која создава едноставен ефект. Станува збор за маица (или дуксер) и здолниште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Escudero (@collagevintage)

Маицата во оваа пролетна комбинација ќе ја задржи удобноста додека здолништето ќе придонесе за поженствен изглед. Од омилените слип здолништа преку плисираните модели до мини здолништата – дуксерите и маиците од нашите ормари одлично ќе изгледаат во комбинација со баш секој модел на здолниште.

Носете ги со омилените патики за постигнување на поспортски изглед, за тренди изглед додајте им интересна чанта и чизми до глужд, додека чевлите или сандалите со висока потпетица се совршен избор за поженствен и поелегантен стајлинг.

Како да ги вклопите лежерните модели во секојдневните комбинации за претстојните пролетни денови, погледнете во продолжение…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Escudero (@collagevintage)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Escudero (@collagevintage)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Escudero (@collagevintage)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Escudero (@collagevintage)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Escudero (@collagevintage)

извор:точка.ком.мк