Вистаграм

Шест македонски Инстаграм профили за храна што ќе сакате да ги заследите

Шест македонски Инстаграм профили за храна што ќе сакате да ги заследите
фото:insatgram/kocovska.marija

Порано рецептите се пренесуваа од генерација на генерација. Сигурни сме дека вашите мајки или баби имаат тетратки кои ги чуваат и денес. Уште повеќе сме сигурни дека речиси секој од вас има омилено јадење што го прави вашата мајка и кое е без конкуренција.

Меѓутоа, со распространетоста на социјалните мрежи, интересни рецепти за вкусни оброци можете да најдете секаде.

Ние денеска обрнуваме внимание на македонски инстаграм профили каде што ќе можете да уживате во одлични фотографии и интересни рецепети, па токму затоа и ќе посакате веднаш да ги заследите, ако досега не сте го направиле тоа.

Немате идеја што да зготвите – ве дели само клик до фантастични идеи.

Погледнете:

Инстаграм профил на младиот Давид, кој што издаде и своја книга рецепти „Dave’s kitchen: Гответе насмеани“, го следат преку 30.000 луѓе. Притоа, речиси сите рецепти се базирани на нашата традиционална кујна.

Ако сакате да ја смените навиката да јадете премногу калорична храна и сакате да се посветите на здрави оброци, тогаш профилот на Стефанија сигурно ќе ви се допадне. Исто така, доколку вежбате и водите здрав начин на живот, тука ќе најдете одлични идеи за сите оброци во денот.

Теодора Георгиевска стои зад овој Инстаграм профил, односно блог за храна. Прогласена беше за Best Food Influencer 2019, а кај неа можете да најдете традиционални рецепти и совршени идеи за ручек и десерт.

Ова е инстаграм профилот на истоимената веб страна за готвење. Освен што самите нудат идеи што би можеле да зготвите, пласираат рецепти и од читатели и нивни следбеници. Во богатата палета оброци, често можете да видите и рецепт за некое пециво, односно пита што сигурни сме на голем број од вас ќе го привлече вниманието.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gotvi.mk (@gotvi.mk)

Што да ручате, рецепти за 5 минути, идеи за оброци за бебиња и секако предлози за фантастични колачи, сето ова може да се најде на профилот „Кујната на мама“. Рецептите се за оброци во кои ќе уживаат сите членови на семејството.

Марија е блогери и уредник на @sezahrana.mk. Кај неа вниманието ни го привлекоа рецептите за вкусен и брз десерт. Но, освен храна, ќе видите и прекрасни дестинации и впечатоци од нејзините патувања.

извор:fashionel.mk