Вистаграм

Овие трендови ќе доминираат на модната сцена во есенскиот период

Овие трендови ќе доминираат на модната сцена во есенскиот период
фото:pпринтскрин/инстаграм

Есента која сè повеќе се приближува ќе биде во духот на најразлични трендови. Актуелни ќе бидат многу различни кроеви и дезени, па секој ќе може да пронајде нешто што му одговара. Дизајнерите биле креативни и подготвиле интересни парчиња со кои врнежливото и ветровито време ќе нѝ делува многу поубаво…

Еве кои трендови ќе доминираат оваа есенска сезона:

Кратки блејзери

По кратките маици и блузи, на ред дојдоа и кратките блејзери. Овие модели изгледаат шармантно и може да се носат во многу различни варијанти. Добро изгледаат во комбинација со фустани, панталони, но и фармерки.

Фустани со пуф ракави

Кратките фустани со изразен горен дел ќе бидат апсолутен хит. Овој модел на фустан во комбинација со чизми често ќе може да се види во текот на есента.

 

View this post on Instagram

 

•robe @r.queen42 Code promo : Loan25

A post shared by Inspi by loan (@inspi.by.loan) on

Проѕирни блузи

Овој модел на блуза во комбинација со интересен топ одоздола дефинитивно ќе направи да бидете во центарот на вниманието. Провокативен модел кој не ја преминува границата на добриот вкус.

 

View this post on Instagram

 

Buon Ferragosto! ❤️

A post shared by Katarzyna Kijowska (@katekijo) on

Кошула-фустан

Овој модел повторно е многу актуелен, а секоја жена со стил ќе мора да го има во својот плакар во текот на есента.

извор:кармин/точка.ком.мк