Вистаграм

Ова е единствениот џемпер кој ви е потребен за преодниот период: Изгледајте шик во секоја комбинација

Ова е единствениот џемпер кој ви е потребен за преодниот период: Изгледајте шик во секоја комбинација

Едно од модните парчиња кои со децении се наоѓа на листата на најдобри во модниот свет, а оваа година ќе се истакне и како еден од најпопуларните тренди модели е токму пругастиот џемпер.

Иако секоја година со нетрпение ја чекаме пролетната сезона за да се ослободиме од слоевитата облека, плетените парчиња се уште играат голема улога во нашиот гардеробер и во секојдневните комбинации.

Токму тоа е причината поради која модните брендови претставија безброј ефектни модели на џемпери и кардигани во своите колекции за претстојната сезона. Сепак, помеѓу разновидните и шарени модели, еден едноставен модел особено се истакнува.

Во истовреме и класичен и модерен, едноставен и ефектен, пругастиот џемпер е моден фаворит кој крие безброј различни идеи за комбинирање и на секоја комбинација ѝ дава шик изглед.

Како најпопуларни модели се истакнуваат оние кои носат комбинација на линии во темносина и бела боја.

Како ќе го носиме пругастиот џемпер оваа пролет?

Во лежерна комбинација со сини фармерки, шик издание со деловни панталони или со кул кожни панталони. Префрлен преку рамената во комбинации во кои главната улога ја имаат фустаните е уште една од одличните идеи на модните трендсетерки кои го носат.

Пругастиот џемпер ќе се задржи и помеѓу нашите фаворити и во најтоплите пролетни денови, кога ќе го комбинираме со кратки панталони и слип здолништа.

Во продолжение, мала инспирација како да го комбинирате ова парче на сезоната:

извор: кармин.точка.мк