Вистаграм

Освојте го Инстаграм: Како да соберете 10.000 следбеници за само 6 месеци?

Освојте го Инстаграм: Како да соберете 10.000 следбеници за само 6 месеци?

Дали и вие сакате да бидете меѓу најдобрите Инста блогери? Доколку успехот на социјалните мрежи е ваша желба и планирате да се впуштите во тие води, еве што можете да направите за да го забрзате вашето растење.

Прв чекор – Самопретставување

Почнете со името – треба да биде нешто едноставно, но незаборавно. Кога ќе го имате совршеното име, веќе сте на половина пат да оставате добар впечаток. Исто така слободно пишете ги и вашите име и презиме, како и неколку податоци за вас што ве опишуваат со само неколку зборови. Ако планирате да се бавите со бизнис, тогаш напишете и каде можат да ве најдат потенцијалните клиенти.

 

Следниот чекор е профилната фотографија. Одберете јасна и квалитетна фотографија од вас, и погрижете се во најголемиот дел од неа да е вашето лице.

Втор чекор – Содржина

Направете план за објавите барем две недели однапред. Размислете за темите што сакате да ги истакнете, и држете се до нив бидејќи токму тие ќе ве издвојат од останатите. Целта е да се поврзете со нови луѓе со слични или исти интереси на вашите, кои понатаму со ентузијазам ќе ги следат вашите објави.

Ако почнувате од почеток, пред да почнете да се промовирате објавете барем 21 фотографија одеднаш за да имате што да покажете со секоја наредна. А ако имате стари фотографии што можат да се сместат во профилот што сакате да го изградите, тогаш само продолжете понатаму.

Бидете искрени со текстот под објавите. Искреноста веднаш се чувствува и се истакнува меѓу илјадниците копирани текстови. Пишувајте од срце и директно пренесувајте ја пораката што сакате да ја носи вашиот бренд.

Внимавајте на боите. Секој успешен Инстаграм профил има 1-3 основни бои што ги следат сите содржини. Боите будат емоции кај вашите следбеници, па размислете какво влијание сакате да создадете и врз основа на тоа обработувајте ги на тој начин сите фотографии пред самата објава. Или пак, едноставно одберете го омилениот филтер и користете го само него при објавите.

Објавувајте најмногу три фотографии на ден. Идеалното време за овие објави е 9, 12, 19 и 21 часот. Најинтересните прикасни ќе добијат многу повратни информации, па тие ставајте ги во фаворити. Исто така погрижете се да имате забавни, но и корисни содржини. И слободно барајте лајкови или коментари. Тоа можете да го сторите така што ќе напишете дека ќе продолжите со одредена приказна или тематска содржина откако ќе добиете 1.000 лајкови на таа содржина.

Трет чекор – Барајте следбеници

Одредете ја вашата целна публика. Бизнис профилите се поедноставни во овој поглед, но принципот е ист за сè. На пример, ако промовирате дизајнерска облека, можете да пронајдете трговски центар или да ги погледнете профилите на главните конкурентни, да се пријавите да ги добивате нивните најнови објави и да обрнете внимание на тоа кои ги лајкува. Токму тие луѓе треба да ги заследите. Ако е нов профил, почнете со 100 заследувања во првиот ден. Потоа, немојте да надминувате 60 во еден час.

Ако сакате да промовирате производ или услуга, користете го проверениот метод за привлекување следбеници – објавете оглас и обрнете внимание на коментарите на луѓето, а не на ботовите. Другиот начин да привлечете внимание е со наградна игра или делење подароци.

И за крај, секогаш одбележувајте ги големите кружни бројки – па правете специјални објави за 1000 следбеници, 5000 следбеници, 10.000 следбеници…

извор:кафепауза