Интересните даски со храна за јадење можете да ги послужите кога сакате, не само за посебни пригоди. Овој Божиќ, вашата чинија со месо и сирење може да добие празничен пресврт. Даската во облик на венец станува многу популарен тренд и ова сигурно ќе посакате да биде дел од вашата божиќна трпеза.
За да направите венец, најпрво ќе ви треба голем послужавник, а најдобро е да изберете даска за сечење во кружен облик. Уметнички распоредете ги намирниците во круг и украсете ги рабовите со зелени гранчиња нане или рузмарин.
извор: кафепауза
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.