Вистаграм

Мими Роуз: Кучето кое стана ѕвезда на Инстаграм

Мими Роуз: Кучето кое стана ѕвезда на Инстаграм

Француските булдози имаат репутација на совршени кучиња и домашни миленици и веруваме дека секој сопственик би се согласил со таа изјава. А, дека француските булдози се совршенство на мал начин, знаат и сопствениците на малата Мими Роуз, која стана ѕвезда на Инстаграм благодарение на слатките фотографии.

Мими Роуз има три години и живее во Лос Анџелес. Нејзиното секојдневно хоби е слично како на секое друго куче – спиење, јадење и играње, а Мими Роуз обожава да поминува време на плажа со своите сопственици и кучињата на семејните пријатели.