Вистаграм

Голи бикини: Најновиот тренд на Инстаграм “експлодираше како бомба“

Голи бикини: Најновиот тренд на Инстаграм “експлодираше како бомба“

Друштвените мрежи “пукаат“ заради новиот летен моден тренд. Промовирањето на летните трендови на Инстаграм веќе започна. Меѓутоа само едни бикини им го свртија мозокот на инфлуенсерките, затоа што речиси не покрива ништо.

Бикините кои за ова лето се “must have“, деликатно истакнуваат баш сè што мора да се истакне.

„Underboob“ бикините ги облекоа сите влијателни дами на Инстаграм и ги натераа на останатите жени да фантазираат како и тие ќе изгледаат во тие бикини на плажа.

 

View this post on Instagram

 

An actual dreamland 😍 wearing @ohpollyswim @ohpolly

A post shared by SARAH ASHCROFT (@sarahhashcroft) on

Доколку се прашувате како би требало да ги опишете овие бикини, тогаш вистинските зборови се – откриен долниот дел од градите.

Разликата помеѓу моделите е само во горниот дел. Постојат оние кои што се како маички, потојат топови, полукорпи и оние каде што горниот и долниот дел се споени со траки.

Долниот дел не се разликува. Се работи за тесно дизајнирани гаќи кои се поставени над колковите.

Ваквиот модел на бикини ве повикува да фантазирате. Не може да не размислите за тоа што се крие под него.

За она бикини кои се како маичка може да се каже дека се обиделе да покријат нешто, но не успеале.