Вистаграм

Ана е жена-пилот, има само 21 година и на Инстаграм ја следат 48.000 луѓе

Ана е жена-пилот, има само 21 година и на Инстаграм ја следат 48.000 луѓе

Девојката од Парагвај, Ана Паула Кеспадес привлекла повеќе од 48.000 следбеници на Инстаграм, благодарение на фотографиите од луксузните патувања и најинтересните дестинации од светот, кои има прилика да ги посети благодарение на својата работа. Накратко, Ана е жена-пилот.

Симпатичната бринета како копилот со својот татко управува со авионот King Air F90, а сама управува Cessna 152.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Paula Cespedes (@anapaulacespedes) on

21-годишната Ана со оваа работа се занимава една година, а станала пилот откако одлучила да го напушти образованието и да тргне по стапките на својот татко, пренесува Дејли Меил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Paula Cespedes (@anapaulacespedes) on

„Му се восхитував на татко ми уште како мала, тој исто така е пилот и отсекогаш се угледував на него. Кога наполнив доволно години колку што беа потребни за да се запишам на курс, тоа и го направив, бидејќи тоа ми беше сон“, раскажала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Paula Cespedes (@anapaulacespedes) on

Вели дека во својата работа најмногу го сака токму тоа што има прилика да посети толку многу различни дестинации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Paula Cespedes (@anapaulacespedes) on

Исто така, додава дека се труди својот живот редовно да го документира на Инстаграм, за да може на луѓето да им ги прикаже сите авантури кои ги доживува, благодарение на летањето.