Вистаграм

9-те милиони следбеници на Инстаграм ги прославила со предизвикувачки фотографии

9-те милиони следбеници на Инстаграм ги прославила со предизвикувачки фотографии

Деми Роуз Мавби стана сензација која неодамна собра девет милиони обожаватели на социјалната мрежа Инстаграм, а тоа го прослави со многу предизвикувачки фотографии.

Британката со потекло од Бирмингем собрала импресивен број на фанови благодарение на своите облини. Кариерата ја започнала како модел за долна облека, кога се преселила во САД.

 

View this post on Instagram

 

Miss 🌹

A post shared by Demi Rose (@demirosemawby) on

Спорет сајтот „FinApp“, во 2018-та година била „тешка“ 2 милиони долари. Таа сума денеска е веројатно и значајно поголема, како и бројот на нејзините следачи на Инстаграм.

„Девет милиони! Ви благодарам што избирате да ме следите и што секогаш ме поддржувате“, напишала таа на Инста-стори.

„Ве сакам! Само би сакала повеќе да ве инспирирам, да споделувам повеќе со вас и да се поврзам со повеќе неверојатни луѓе“, додала таа.

Открила и дека минатата година за неа била тешка со оглед на тоа дека го загубила својот татко, но најавила и дека ова е нејзина година.