Вистаграм

72 годишна баба ги мотивира Инстаграм следбениците да вежбаат за подолг и поздрав живот

72 годишна баба ги мотивира Инстаграм следбениците да вежбаат за подолг и поздрав живот
фото:инсатграм

Иако ретко можете да забележите луѓе во нејзините години во теретана, 72 годишната Лорен Брузоне од вежбање не се откажува. Оваа жена со својата сила, волја и упорност може да ги посрамоти оние кои се двојно помлади од неа

По Лорен Брузоне полуди целиот свет откако водителот на The Daily Show, Тревор Ноа сподели видео на кое Лорен вежба.

Таа била воодушевена кога сфатила дека тој го сподели нејзиното видео.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carozza Fitness Masters (@chasingthemasters) on

“О, мој Боже! Го гледам цело време на Јутјуб и го обожувам! Ова е тотално кул”, изјавила фит бабата за People.

Брузоне започнала да тренира во подоцнежните години откако ја присилиле пријателите. Лорен е адвокатка во пензија, а едно време работела и како професорка во Конектикат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carozza Fitness Masters (@chasingthemasters) on


Вежбањето за Лорен е тајно оружје за да остане во форма. Подигнување на тегови, трчање по скали, склекови и чучњеви се само дел од нејзините интензивни тренинзи.

Таа тренира секој ден по еден час, а нејзиниот тренер Весли Џејмс рекол дека Лорен на многу луѓе им станала инспирација, па поради тоа ѝ отворил Инстаграм профил на кој објавува како вежба Лорен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carozza Fitness Masters (@chasingthemasters) on

“Сакаше луѓето да сфатат дека постојат различни нивоа на вежбање. Не е важна Вашата моментална кондиција, колку години имате или било што друго. Ако нешто сакаш, тоа можеш да го направиш”, објасни Брузоне.

извор:точка.мк