Вистаграм

5 дезени што ќе ги гледате насекаде оваа пролет

5 дезени што ќе ги гледате насекаде оваа пролет

Време е конечно да ги приберете зимските палта и џемпери и да ја прегрнете пролетта! Оваа сезона, модните дизајнери советуваат да носите повеќе додатоци, привлечни парчиња облека и да се потсетите на некои одамна заборавени стилови и дезени, а еве кои ќе бидат во тренд оваа пролет:

Зебра принт


Можеби е во модниот свет со години, но тоа е оправдано затоа што овој дезен е класичен. Она што го прави безвременски е тоа што дава шик нота без многу напор. Комбинирајте го зебра принтот со чизми или со еспадрили и подготвени сте за пролетната сезона!

Шаховска табла

 

View this post on Instagram

 

A post shared by natasha (@natashahmedx)

Обвинувајте ја серијата „The Queen’s Gambit“, но во изминатите неколку месеци, девојките направија „шах-мат“ кога е модата во прашање. Побарајте парчиња облека со правоаголни дезени, во две бои, кои потсетуваат на шаховска табла.

Мермер

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cartier Rose Surjan (@cartiersurjan)

Мермерот е земјена и помлада варијанта на дизајнот „tie dye“, популарна во 60-тите години на минатиот век. Во зависност од парчето облека и од пригодата, мермерот може да изгледа модерно, но и елегантно.

„Тie dye“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellie Beatrice Joslin (@missjoslin)

Освен во шеесеттите години, овој дезен беше апсолутен хит и во деведесеттите години, а сега е повторно во мода. Оваа сезона комбинирајте го со тесни панталони или фармерки кои ги откриваат глуждовите.

Цветен кич

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia & Alice (@oliviaandalice)

Цветниот дезен од хипи ерата на шеесеттите години се врати во мода, но со малку помодерен изглед. Цветните дезени сега се комбинираат со уште посилни и поживописни бои.

извор:попара.мк