Вистаграм

23 милиони лајкови: Погледнете ја новата „најлајкувана“ фотографија на „Инстаграм“

23 милиони лајкови: Погледнете ја новата „најлајкувана“ фотографија на „Инстаграм“

До неодамна најлајкувана фотографија на „Инстаграм“ беше на фотографијата на Кајли Џенер на која ја држи ќерката за рака.

Неодамна на Инстаграм се појави профил наречен “world_record_egg” кој многу брзо и јасно даде до знаење што сака да постигне. На целиот профил се наоѓа само една објава – фотографија од јајце, а целта била да го сруши рекордот на најлајкуваната објава на Инстаграм, односно фотографијата на старлетата Кајли Џенер со 18 милиони лајкови.

 

View this post on Instagram

 

stormi webster 👼🏽

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

„Ајде заедно да поставиме рекорд и да добиеме најлајкувана фотографија на „Инстаграм“. Да го срушиме моменталниот рекорд кој го држи Кејли Џенер со 18 милиони лајкови“.

За само неколку дена, оваа фотографија собрала неверојатни 23 милиони лајкови, а интересно е тоа што вчера, за само три часа, лајковите на објавата “скокнале” од 14 до 18 милиони.

На оваа објава реагирала и самата Кејли која објави видео со опис: Кога Кејли ќе го види профилот на “world record egg“.

 

View this post on Instagram

 

Take that little egg

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on