Радио Милева
Свадбен сублимат

Викторија Лоба ги објави највпечатливите моменти од свадбата – од промената на невестинскиот фустан, сечењето на тортата, до пеењето на руски… (фото)

Викторија Лоба ги објави највпечатливите моменти од свадбата – од промената на невестинскиот фустан, сечењето на тортата, до пеењето на руски… (фото)

Изминатиот викенд во еден познат скопски хотел се случи свадбата на пејачката Викторија Лоба и нејзиниот долгогодишен партнер, бизнисменот Ѓорѓи Калешов.

Како што објавивме и претходно, на невестата и требаше време за да објави дел од највпечатливите моменти од забавата, па откако се наспаа од бурната вечер и ја имаа официјалната прва брачна ноќ, Лоба реши да објави се’ она што регистрирале мобилните телефони.

Од своите лични фотографии објави само неколку каде позираат со сопругот од хотелската соба, а останатите и најголемиот број објави беа оние кои ги документираа гостите.

Од приложеното може да се види дека деновиве, а и години подоцна ќе имаат за што да раскажуваат и да се сеќаваат…

Невестата и овој пат носеше елегантина венчаница со потисот на дизајнерката Коцарева, а довербата за невестински фустан комплетно и ја препиша кога е изгледот во прашање со оглед на тоа што промени неколку модели на фустани.

Лоба својот свадбен стајлинг го зачини и со кус бел фустан со волуменозни ракави кој го носеше до крајот на вечерта.

Се’ беше во елегантен стил, па дури и бидермаерот и тортата на три спрата.

Лоба очекувано се качи на бина и пееше, а неизбежно беше на гостите да им запее на руски.

Пропратно следеше многу играње, фотографирање, прегратки и бакнежи за спомени кои ќе им траат… Од фотки со другарките, со мама и нејзиниот нов сопруг, роднините, пријателите…

Инаку, црковната венчавка на Викторија Лоба и Ѓорѓи се случи на ден Голема Богородица во црквата Св.Јован Канео во Охрид.

Редакцијата на Вистина им честита на младите!

фото:Инстаграм принтскрин/Викторија Лоба

Останати вести од Радио Милева